strumica denes logo

ДЕНЕСКА ЌЕ НЕ ОДМИНЕ ПОТЕНЦИЈАЛНО ОПАСЕН АСТЕРОИД!

Автор:

Датум:

јуни 29, 2024

Автор:

Датум:

јуни 29, 2024

Астероидот 2024 МК кој беше откриен пред десетина дена и кој е потенцијално опасен за земјата денес ќе помине многу блиски до нашата планета.

Станува збор за прилично голем објект за кого се проценува дека е со дијаметар помеѓу 120 и 280 метри.

Вселенските објекти од околу 25 метри најверојатно ќе изгорат кога ќе влезат во атмосферата на Земјата и ќе предизвикаат мала или никаква штета.

Но, ако ова се случи со астероид поголем од 25 метри и помал од еден километар, приказната е поинаква.

Тогаш вселенското тело може да предизвика локално оштетување во областа на ударот.

НАСА наведува дека тело поголемо од еден километар може да предизвика негативни последици во глобална смисла.

Иако 2024 МК е поголем од 100 метри, односно големина на зграда, сепак нема причина за паника.

Експертите проценуваат дека ќе помине многу блиску до Земјата, но сепак на безбедно растојание.