Празникот Свето Благовештение, познат меѓу народот како Благовец, се одбележува на 7 април и има длабоко значење во православната традиција. Се смета за ден исполнет со благослови, кога според обичаите се избегнуваат секојдневни работи и се посветува внимание на духовноста и семејството.
Во народот постои верување дека овој ден носи добро и леснотија, па често се избира за важни животни моменти, особено кај најмладите. Исто така, Благовец е и именден за многумина што ги носат имињата изведени од „благо“.
И оваа година, струмичани со почит и традиција го одбележаа празникот. Во продолжение погледнете дел од атмосферата преку фотографиите направени во златара „Златко“.




























