strumica denes logo

ДЕЦАТА ОД ООУ „САНДО МАСЕВ“ ВО ПОСЕТА НА ТППЕ СТРУМИЦА – УЧЕЊЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРЕКУ ИГРА И ДРУЖЕЊЕ!

Автор:

Датум:

мај 5, 2026

Автор:

Датум:

мај 5, 2026

Дворот на Територијалната противпожарна единица Струмица денес беше исполнет со детска радост, смеа и позитивна енергија. Во посета пристигнаа учениците од трето одделение од ООУ „Сандо Масев“ Струмица, кои имаа можност одблиску да се запознаат со работата на пожарникарите, нивната опрема и противпожарните возила.

Особено внимание кај децата привлече демонстрацијата со противпожарното црево, која тие со големо воодушевување ја следеа. Преку интерактивен пристап, пожарникарите им објаснија како да се однесуваат во случај на пожар и други опасности, а учениците возвратија со насмевки, бројни прашања и искрена љубопитност.

Од ТППЕ Струмица посочуваат дека ваквите едукативни средби се од особено значење, бидејќи преку игра и дружење се гради свеста кај најмладите за безбедноста, но и се поттикнуваат вредности како храброст, одговорност и хуманост.