strumica denes logo

ДА ГО ЧУВАМЕ ЗАЕДНИЧКОТО ДОБРО: ВАНДАЛИЗМОТ НЕ Е ХЕРОЈСТВО!

Автор:

Датум:

февруари 4, 2026

Автор:

Датум:

февруари 4, 2026

Урбаната опрема во градовите – клупи, корпи за отпад и скриени (подземни) контејнери е поставена со една цел: да го подобри квалитетот на животот на граѓаните. Овие елементи овозможуваат почиста и побезбедна околина, уреден јавен простор и полесно секојдневно функционирање, особено во фреквентните градски зони.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Одговорните институции посочуваат дека уништувањето на урбаната опрема претставува директна штета за целата заедница. Освен што предизвикува дополнителни трошоци за поправка и замена, ваквото однесување резултира со загадување, намалена хигиена и нарушен изглед на јавните простори – места што ги користат сите граѓани.

Посебен акцент се става на полуподземните и подземните контејнери, кои се сметаат за едно од поефикасните решенија во управувањето со отпадот. Тие го намалуваат непријатниот мирис, зафаќаат помал простор и придонесуваат за поуредна и почиста средина, што е особено важно во населени и централни делови од градот.

Воедно, се нагласува дека заштитата и правилното користење на урбаната опрема е обврска на секој граѓанин. Со нејзиното зачувување, се придонесува за почиста, поубава и пофункционална урбана средина – не само за сегашните, туку и за идните генерации.

Надлежните апелираат дека уништувањето или неправилното користење на клупи, корпи и подземни контејнери не е „херојство“, ниту игра, туку штета што сите ја плаќаме. Со секое оштетување се губат средства кои би можеле да се насочат кон спорт, култура, образование и подобри услови за живот.

Во таа насока, се потенцира и значењето на едукацијата на младите. Родителите, преку правилна едукација и личен пример, имаат клучна улога во создавање генерации кои го почитуваат својот град и се грижат за заедничкото добро.

Пораката е јасна: потребни се одговорност и почит кон заедничкиот простор. Чувањето и правилното користење на скриените контејнери и останатата урбана опрема е директен придонес за почист град и подобар живот за сите.

  • Banner