strumica denes logo

БРАВО МЛАДИНО: СТРУМИЧКИ УЧЕНИЦИ СО ХУМАН ГЕСТ ПРЕД ВЕЛИГДЕН: ДОНИРАА ТОПОЛ ОБРОК ВО „ЕЛЕУСА“

Автор:

Датум:

април 2, 2026

Автор:

Датум:

април 2, 2026

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, учениците од IV-4 клас при ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица реализираа хумана акција, донирајќи топол оброк во фондацијата „Елеуса“.

Водени од идејата дека хуманоста е светлина што секој човек ја носи во себе, учениците заедно со својот класен раководител покажаа подготвеност да помогнат и да даруваат без да очекуваат нешто за возврат. Нивниот гест е симбол на солидарност, емпатија и грижа за заедницата.

Од училиштето посочуваат дека Велигден е празник кој носи порака за нов почеток, надеж и вера, но и потсетник за важноста да бидеме тука еден за друг, особено во моменти кога поддршката е најпотребна.

Хуманата акција беше реализирана под мотото „Малите дела создаваат големи промени“, испраќајќи силна порака дека и најмалите гестови можат да направат значајна разлика во животите на другите.