strumica denes logo

Анкета на М-проспект: ВМРО ДПМНЕ води повеќе од 3 спрема 1!

Автор:

Датум:

октомври 14, 2025

Автор:

Датум:

октомври 14, 2025

Според најновата анкета на истражувачката агенција М-Проспект, спроведена во периодот од 1 до 8 октомври 2025 година, мнозинството граѓани изразиле силна поддршка за актуелната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето за доверба во владата, дури 56 проценти од испитаниците одговориле дека имаат доверба во нејзината работа – бројка која досега ретко се забележувала во јавните мерења.

Во однос на партиската поддршка, резултатите покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо води пред СДСМ. На прашањето „За која партија би гласале доколку локалните избори се одржат во октомври 2025 година“, 33,4 проценти од граѓаните се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, додека 9,8 проценти би гласале за СДСМ. Овие бројки ја потврдуваат трендот на растечка поддршка за владејачката партија наспроти значително намалената доверба во опозицијата.

Позитивен е и трендот во перцепцијата за насоката во која се движи државата. Според анкетата, 57,4 проценти од испитаниците сметаат дека земјата се движи во позитивна насока, додека 39,4 проценти се на спротивното мислење. За споредба, во времето на владата на СДСМ, над 80 проценти од анкетираните оценувале дека државата се движи во негативна насока.

Методологија на истражувањето

Истражувањето е спроведено преку телефонска анкета (CATI) на национално репрезентативен примерок од 995 испитаници. Примерокот е изработен согласно податоците од Пописот на населението од 2021 година на Државниот завод за статистика и е повеќестепен стратификуван примерок, репрезентативен според пол, возраст, етничка припадност и место на живеење (регион и урбано/рурално подрачје).

Општините се избрани според веројатност пропорционална на големина, додека домаќинствата се селектирани по случаен избор на телефонски број. Кај фиксните броеви е користен методот „следен роденден“ за избор на испитаник, а кај мобилните броеви анкетата е спроведувана со лицето кое одговорило на повикот.