strumica denes logo

БЛЕД ОБИД НА РОДОВИТЕ АКТИВИСТИ: ПОВТОРНО СО ВЕРБАЛЕН НАПАД ПРОТИВ ЕПИСКОПОТ Г.ЈАКОВ, ГРАДОЧАЛНИКОТ КОСТАДИНОВ И СОВЕТНИКОТ ЃОРГИ ТАНУШЕВ

Автор:

Датум:

април 2, 2024

Автор:

Датум:

април 2, 2024

Тивериопол.мк:

Родовите активисти во повторен вербален напад против Епископот г. Јаков, градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов и советникот и претседател на Комисијата за еднакви можности меѓу мажите и жените при Советот, Ѓорги Танушев. Спин докторите со сета своја маестралност го составиле овој напис во кој нивната скриена омраза кон традиционалните семејни вредности ја манифестираат преку извртување на тезата за наводна омраза кон одредени ранливи категории граѓани.

Еклатантен пример за непознавање на православниот христијански етос преку промоцијата на најголемите човечки добродетели и е блед обид лично да се дисквалификуваат Владиката Јаков, градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов и советникот Ѓорги Танушев.

Да не беше темата силно сериозна, можеше само да се насмееме. Но, ваквиот обид да се играат лукративни игри врз грбот на луѓето на кои им треба љубов и поддршка го покажува само безобразието, манипулативноста и дрскоста на родовите активисти кои за жал се длабоко навлезени во структурите на нашата држава.