strumica denes logo

ПОРТЛАНД ОПЦ ДООЕЛ-СТРУМИЦА ВРАБОТУВА ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР ВО СЕКТОР ПРИПРЕМА!

Автор:

Датум:

јуни 20, 2025

Автор:

Датум:

јуни 20, 2025

Дали сакате да бидете дел од динамичен и професионален тим каде што вашите идеи се ценат, а вашиот придонес навистина значи?

Поради проширување на тимот на ПОРТЛАНД-ОПЦ ДООЕЛ, имаме отворена позиција за: ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР ВО СЕКТОР ПРИПРЕМА.

Опис на работното место:

Како градежен инженер во сектор припрема ќе бидете клучен дел од подготовката на нашите проекти. Вашите одговорности ќе вклучуваат техничка подготовка на документација поврзана со изведба, изработка на пресметки и детали, анализа на проектна и тендерска документација, како и координација со другите сектори – сè тоа во пријатна канцелариска средина со поддршка од искусни колеги.

Што ќе работите?

✅ Подготовка на техничка документација (градежен дневник, градежна книга, ситуации)
✅ Изработка на предмери, понуди, изведбени детали и динамички планови
✅ Комуникација со проектанти, изведувачи и надзор
✅ Изработка на спецификации на потребни материјали, нивна нарачка и обезбедување
соодветни сертификати
✅ Работа со софтверски алатки (AutoCAD, MS Office, специјализирани програми)
✅ Следење на рокови и обезбедување на висок квалитет

Што очекуваме од вас?

✅ Високо образование од областа на градежништвото
✅ Минимум 2 години работно искуство во слична позиција
✅ Одлично познавање на MS Office и AutoCAD
✅ Тимски дух, одговорност и самоиницијативност
✅ Желба за учење и напредок во кариерата

Што ви нудиме?

✅ Конкурентна плата за позицијата
✅ Пријатна работна средина во стабилна и реномирана компанија
✅ Можност за професионално усовршување и напредок
✅ Долгорочна стабилност и поддршка во работата

✅ Работно време: понеделник до петок, 08:00 – 16:00 часот

Начин на селекција:

Сите пријавени кандидати ќе бидат разгледани со внимание од нашиот HR тим. Кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат поканети на кратко тестирање на техничките вештини, а потоа и на интервју со одговорниот менаџер.

Интервјуа:

Интервјуата ќе се одржат во нашите канцеларии, со претходно закажување по телефон број 076/444-902 или е-маил.

Рок за пријавување: до 10.07.2025

Испратете ја вашата кратка биографија (CV) на: info@portland.com.mk со назнака „Оглас – Градежен инженер во сектор припрема“.

Ве очекуваме во нашиот тим!