strumica denes logo

Дисциплинска постапка за високи полициски чиновници во МВР – Меѓу нив е помошник началник во СВР Струмица, главен инспектор за разузнување во ОКРА при СВР Струмица и командир во ПС од ОН Радовиш!

Автор:

Датум:

март 14, 2024

Автор:

Датум:

март 14, 2024

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски утрово на социјалните мрежи информираше дека тројца високи полициски службеници добиле дисциплинска постапка под сомнение дека свесно застариле дисциплинска постапка која се водела против нивни колега.

„Имено, од страна на Министерството за внатрешни работи до ОЈО ГОК поднесена е кривична пријава против горенаведеното лице за кривично дело `Злосторничко здружување` и `Присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство`, при што за вработениот – полициски службеник одредена е мерка притвор во траење од 30 дена. Притоа од страна на ОВККИПС на 24.12.2022 бил доставен предлог за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

Од страна на Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност при СВР Струмица на 15.01.2024 година била одржана расправа и притоа таа му предложила на министерот да донесе решение за утврдување дисциплинска мерка `парична казна`. Имајќи предвид дека согласно Закон министерот е должен решението да го донесе во рок од 12 месеци од приемот на одобрението од јавниот обвинител, истиот рок истекол на 21.12.2023 со што членовите на комисијата сториле кршење на Дисциплинскиот договор на МВР“ – напиша Тошковски на Фејсбук.

МВР поднело дисциплинска постапка против три лица.

А.Т. на работно место Главен инспектор за разузнавање во ОКРА при СВР Струмица, Б.К. на работно место командир во ПС од ОН Радовиш и Ј.В. на работно место Помошник началник во СВР Струмица.