ВИКТОРИЈА КОЛЕВА ПОБЕДНИЧКА НА ПЕТТАТА ПО РЕД ЈОЈО АУДИЦИЈА

април 3, 2018

Драги дечиња. Со гордост и радост, сакаме да го споделиме со сите петтиот по ред ЈоЈо Победник на Нашата и Ваша ЈоЈо Аудиција. По внимателно преслушување на сите финалисти, долго размислување и со тешка одлука,  жирито одлучи дека сепак има еден најдобар финалист. Победникот на петтата по ред ЈоЈо Аудиција е 🎤ВИКТОРИЈА КОЛЕВА од ОУ “Герас Цунев” – Просениково.

Честитки од сите членови од Здружението ЈОЈО КИДС до победникот, кој добива песничка и учество на ЈОЈО Фестивал 2018.
На останатите финалисти и учесници на ЈоЈо Аудиција им посакуваме повеќе среќа наредната година, а воедно се здобиваат со право на учество во Хорчето на ЈОЈО Фестивал 2018. До наредната година, бидете умни и послушни и слушајте детски песнички… 🔊

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ