Во виното е вистината – вели старата изерка. И навистина е така. Но, во виното се кријат уште илјадници волшебни тајни. И тоа најразлични. Како што секоја сорта е посебна, секое вино единствено, секое шише дел од него, а секоја чаша нуди посебно доживување… Доживување на моментот со секоја испиена голтка.
Зошто можеби токму со неа се создава хемијата помеѓу две пријателства, бизнис партнерства, се раѓа нова љубов, се буди нова страст… И како што сонцето го милува зрното помагајќи му да созрее и да се преточи во капка вино, така секоја капка во секоја нова голтка ја буди страста, ја распламтува волшебната игра на сетилата…
Како најубава поезија, најсуптилна музика, како тивок еротски шепот или нежен допир на дланката… Како капка вино на непцето што го создава тоа возвишено чувство на убавина, опуштеност, префинетост… Екстаза од вкусови и катарза од задоволство кои полека го обземаат целото тело… А се започнува од само една капка, од првата голтка, првата испиена чаша… Како што од капка настанува животот, од една честичка материјата, универзумот…
Како кога за првпат ќе се сретнат погледите, предизвикувајќи бура од копнежи која безрезервно ќе ја придвижи истата онаа хемија на создавање… И кога еднаш ќе ја пробаш, потрагата по совршенството започнува…
Па со секоја нова голтка го бараш посакуваниот вкус, својот мирис, своето задоволство… А потрагата е вечна… Како желбата за постојано уживање во новите ноти на блаженство… Потрага која е бесконечна како човечката желба, како… универзумот.
А од него дел и ние… Македонија и нејзината „Винодонија“ – симболот на винската култура кај нас. Третиот по ред Скопски вински салон што ќе се одржи на 23-ти и 24-ти ноември 2018 (петок и сабота) во елитниот скопски хотел „Мериот“.
Фотосесијата е реализирана во соработка со Центар за обука ЕВА.
Модели: Анѓела Јакимовска (Македонија) и Дариа Меншикова (Русија)
Фотографија: Дејан Јанев (Dejan Janev Photography)
Фризура: Македонска Горбашлиева, Елена Бегова, Анмша Катјаз и Девора Асан, студенти од Школата за убавина ЕВА, под менторство на Даниел Артевски.
Шминка: Ивана Јангелова и Дијана Јулоска, студенти од Школата за убавина ЕВА, под менторство на Јована Коциќ.
Извор: vistina.mk