bandr
Магазин

(ВИДЕО) ПРОЕКТ НА МЛАДИОТ СТРУМИЧАНЕЦ ФИЛИП РИЧЛЧЕВ: ДА УЖИВАМЕ ВО КОНЦЕРТОТ ИСПОЛНЕТ СО МАКЕДОНСКИ ИНСТРУМЕНТИ И ПЕСНИ!

На 21 април со почеток во 20:00 часот во НУЦК „Антон Панов“-Струмица ќе се одржи концерт насловен „Абер ми дојде“. Проектот е на младиот струмичанец Филип Ричлиев. Во концертот ќе земат учество млади уметници, вљубеници во Македонската фолклорна традиција. Овие млади уметници ќе ви пренесат еден дел од нашата богата фолклорна традиција.

Присутните ќе можат да уживаат во звукот на традиционалните Македонски инструменти и песни, да ја почувствуваат тежината на нашите традиционални ора и да увидат дека постојат млади уметници кои што ја негуваат својата традиција.
На Концертот учество ќе земат ученици од ДМУЦ “Сергеј Михајлов” од Штип и ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”(Насока за традиционална музика и игра).Билетите се бесплатни и може да се резервираат на бројот: 078/262-368

АВТОР НА ПРОЕКТОТ:
Филип Ричлиев
КОРЕОГРАФ:
Антонио Стојчески
АСИСТЕНТ КОРЕОГРАФ:
Никола Арнаудов
МУЗИЧКИ АСИСТЕНТ:
Иван Станковски

Соработници:
Бу Кафе
Месарница Ронибет
Мебло Плус

Уметнички Соработници:
Академија Еуроарт
Ансамбл Студио Фолклор

Драги пријатели и соработници ве поканувам на концертот на традиционална музика и игра насловен ,, Абер ми дојде ''. Концерт на кој што ќе докажеме дека постојат млади уметници кои што ја негуваат нашата традиција

Posted by Филип Ричлиев on Thursday, 29 March 2018