Најголемиот христијански празник Велигден се слави секогаш со радост и насмевка. Тоа се моменти кога секој од нас посакува да се направи нешто добро, да посака некому здравје, среќа и благосостојба. Токму во духот на велигденските празници, стручната служба, наставниците, учениците и родителите при ООУ „Гоце Делчев“ од село Вељуса, организираа Велигденски хуманитарен хепенинг. Во училиштето беше спроведена акција на продажба на мошне креативни рачно изработени велигденски украси и вешто подготвена храна. Собраните средства од продажбата ќе бидат донирани во граѓанското здружение за помош на деца со Даунов сидром „Вера“.
Се одржа Велигденски хуманитарен хепенинг во ООУ „Гоце Делчев“ во Вељуса
ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ: