Заследете го „Балкан Твист“(@balkan.twist) на инстаграм за повеќе рецепти!
Потребни состојки:
– шампињони
– сланина
– млад кромид
– лук
– павлака
– јајце
– кашкавал
– зачини: сол, црн пипер, оригано
Начин на подготовка:
На шампињоните извадете ги рачките и ситно насечкајте ги. Сланината, младиот кромид и лукот исто така сечете ги на ситно.
Во загреана тава најпрво пропржете ја сланината, потоа додадете ги рачките од шампињоните, кромидот и лукот, промешајте и пропржете.
Во сад разматете јајце, додадете ја павлаката, зачините и пржената сланина. Измешајте.
Шампињоните наполнети ги од смесата и ставете ги во плех со хартија за печење. Печете 30 мин на 200 степени.
Пред крај додадете рендан кашкавал врз шампињоните да се растопи.
Видео:
View this post on Instagram