Ви требаат уште вкусни рецепти? Запратете го инстаграм профилот @brzi.i.vkusni.recepti !
Потребни состојки:
– пастрмка 🐟
– брокула 🥦
– морков 🥕
– карфиол
– тиквичка
– млад компир 🥔
– бејби спанаќ
– лук 🧄
– лимон 🍋
– масло
– зачини: сол, црн пипер, вегета
Начин на подготовка:
🔪 Зеленчукот насечете го на покрупни коцки. Во случајот ние користевме замрзната мешавина.
🥦🥕На алуминиумска фолија ставете го зеленчукот, зачинете со сол, црн пипер, вегета, масло и промешајте.
🐟 Врз зеленчукот ставете ја исчистената пастрмка, посолете ја и побиберете и внатре ставете и парчиња лимон.
🕚 Печете 30тина минути на 250 степени.
🥣 За сосот, во толчник истолчете лук, свеж магдонос и додадете сол, црн бибер, масло и сок од лимон.
View this post on Instagram