РЕПЦЕТ: Неодоливи американски палачинки

јули 14, 2019

Овој рецепт е вистински предизвик за сите љубители на палачинки. Погледнете како да подготвите Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт.

СОСТОЈКИ:

  • 200гр. брашно
  • 1 супена лажица шеќер
  • 1 супена лажичка прашок за пециво
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 1/4 лажичка сол
  • 2 јајца
  • 250мл. млеко
  • 3 лажици зејтин

НАЧИН НА ГОТВЕЊЕ:

  1. Ставете ги состојките во сад за матење и промешајте ги.
  2. Изматете ги јајцата, млекото и зејтинот во посебен сад и додајте ја течноста во садот со останатите состојки, матете се додека не добиете полугуста, смеса со сјај. Оставете ја смесата да отстои до 5 минути.
  3. Ставете не многу длабоко тавче да се загрее на среден оган и во него рамномерно распоредете една  кутлача од смесата да се пече.
  4. Палачинката ќе биде испечена од едната страна кога на површината на тестото ќе испукаат меурчињата. Тогаш превртете ја да се пече и од другата страна.
  5. Од количината на смесата би требало да добиете 7-8 палачинки.
  6. Внимавајте на температурата на печење која не смее да биде многу голема за да не ви изгорат палачинките.
  7. На крај послужете го овој пресладок десерт со чоколаден прелив и шумско овошје, јагоди, аронија или со крем, мед или џем со ореви, бадеми или лешници.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ