РЕЦЕПТ: Освежувачка и лесна торта од јагоди

јули 3, 2019

СОСТОЈКИ ЗА КОРА:

  • 400 гр мелени бисквити
  • неколку дробени ореви
  • 5 лажици млеко
  • 90 гр путер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Од состојките се замесува тесто и се обложува во округла модла за торта.
  2. Се пече околу 20 до 30 минути на температура од 180 степени.
  3. Врз кората се мачка тенок слој нутела, а врз него се ставаат вишни или некое шумско овошје по избор.

СОСТОЈКИ ЗА КРЕМ:

  • 3 шлаг креми од ванила или пена
  • 300 гр млеко
  • 250 гр кисела павлака
  • јагоди

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Шлаг кремите или пената се матат со млекото, а на крај се додава и киселата павлака.
  2. Матиме со миксерот додека не добиеме компектна и цврста смеса.
  3. Нанесуваме рамномерно врз вишните во форма на тортата.
  4. Јагодите ги миеме, чистиме и сечкаме на половинки. Ги ставаме врз кремот како на фотографијата.
  5. Пред да ја послужиме ја оставаме да отстои 2 часа во фрижидер.
Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: