Направете Рафаело торта без печење.
СОСТОЈКИ:
- 2 и 1.2 кутии бисквити
- 150 гр. млеко
- 125 гр. маргарин
- 200 гр. бело чоколадо
- 400 гр. кисела павлака
- 200 гр. слатка павлака
- ½ кора од лимон
- 1 кесе ванила
- 100 гр. кокос
ПОДГОТОВКА:
- Се топат маргаринот и чоколадото, па се додава киселата павлака. Се меша убаво.
- Се мати слатката павлака со миксер да стане густа, се става во неа потоа и другата павлака.
- Се става и ванила, кокос и рендана кора од лимон.
- Се потапкуваат бисквитите во млеко на кратко да омекнат, па два калапа премачкуваме со тенок слој крем.
- Се реди и кексот и се става крем, а завршуваме со крем.
- Се остава тортата 12 часа во ладилник.
- Горе ставете кокос, а може да украсите и со рафаело чоколатца