РЕЦЕПТ: Најкрцкавата пита од спанаќ

јануари 28, 2019

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1 лажица масли
  • 1 главица кромид средна величина, ситно сечкан
  • 1 пакување смрзнат спанаќ (или свеж, околу 0,5 – 1 кг, измиен, кратко обарен и исечкан)
  • 5 изматени јајца
  • 3 шолји рендан кашкавал (кој сака може и сирење)
  • сол, црн пипер
  • по вкус можете да додадете печурки, црвена пиперка, лукче, домат

           ПОСТАПКА:

Загрејте ја рерната на 180 степени и намастете ја тепсијата.

Исечканиот кромид пропржете го на средна температура, додека да стане стаклест, па додадете го одмрзнатиот спанаќ и пропржете ги малку заедно.

Изматете ги јајцата, кашкавалот, сол, црн пипер, па додадете ги во спанаќот. Смесата излејте ја во тепсија и печете околу 30 минути или додека фати коричка.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ