strumica denes logo

РЕЦЕПТ: Една поинаква чоколадна торта која децата ја обожаваат!

Автор:

Датум:

јануари 28, 2019

Категории:

Рецепти

Автор:

Датум:

јануари 28, 2019

Категории:

Рецепти

ЗА ПАНДИШПАН

  • 2 јајца
  • 100 гр чоколадо со 72% какао
  • 50 гр путер
  • 1 лажица агаве сируп
  • 1 полна лажичка спелтино брашно

    ЗА ФИЛ
  • 250 гр маскарпоне
  • 350 мл млечна неутрална павлака
  • 100 гр чоколадо со 72% какао
  • 150 грама чоколадо со 85% какао

    ЗА ГАНАЖ
  • 150 гр чоколадо со 72% какао
  • 150 мл млечна неутрална павлака

Инструкции за готвење:

1 |  Припрема

Најпрвин растопете го чоколадото со путерот и оставете ги да се ладат.

Јајцата со агаве сирупот се матат додека не се добие скроз цврста текстура. На таа смеса се додава чоколадото со путер и се меша со лажичка, полека. На крај се додава лажичката брашно и се меша се заедно додека не се изедначи  смесата.

2 |  Печење

Се истура смесата во калап (се препорачува број 20 за да е повисока тортата) и се пече 35 минути на 180 степени. Фурната мора да е претходно добро загреана, кога ќе го ставите пандишпанот.

3 |  Постапка за филот

Во слатката павлака не се додава засладувач и тортата е нормално блага, но ако сакате можете да додадете плус лажица агаве.

Павлаката заедно со маскарпонето се матат ама не премногу, текстурата треба да биде кремаста.

Смесата се дели на два дела и се ставаат растопените чоколади уште додека се топли. Се мати пак кратко со миксер.

Се става прво филот со 85% чоколадо за да се разликуваат слоевите.

На крај се спрема павлаката со чоколадото. Секогаш оди 1:1 размер, па количината може и вие да си ја прилагодите.

Павлаката се загрева во сад и пред да почне да врие се трга и се прелива врз чоколадото кое е најдобро да е иситнето на мали делчиња. Се мешаат заедно додека не се добие хомогена смеса и се прелива тортата.

Тортата најдобро е да стои 4-5 часа во фрижидер за убаво да се стегне.

На здравје!