Брзи кифлички за појадок: Едноставни, готови за 15 минути и секогаш успеваат!

јануари 20, 2019

Кој вели дека за топли, меки и вкусни кифлички е неопходно многу време?  Со овој рецепт го докажуваме токму спротивното.

СОСТОЈКИ:

  • 600 гр. брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 1 лажиче сол
  • 100 мл. масло
  • 200 гр. кисело млеко
  • 200 мл. топло млеко
  • 1 сув квасец
  • 1 лажица шеќер
  • 1 јајце и сусам за одозгора

ПОДГОТОВКА:

  1. Се меша брашното со прашок за пециво и сол, се додава масло и кисело млеко.
  2. Се меша убаво сместа.
  3. Се мешаат посебно млекото со сувиот квасец и шеќер, па се ставаат во готовата смеса.
  4. Се меси тесто и се дели на 4 дела, па се развлекуваат малку деловите, се сечат триголници и се виткаат кифлички.
  5. Премачкајте ги со јајце разматено и сусам по желба.
  6. Се оставаат на премачкан плех и се печат 15 минути на 180 степени.

Пријатен апетит!

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ