НЕКОИ РОДИТЕЛИ СИ ГИ УНИШТУВААТ ДЕЦАТА И ТОА ГО НАРЕКУВААТ „ЉУБОВ“

февруари 24, 2020

Порано една од најтешките навреди кои едно дете можеше да ги каже на друго дете или пак некој да каже такво нешто на неговите родители е да го нарече „разгалено лигле“. Тоа беше фраза која не се користеше често, но кога некој ќе ја употребеше, болеше. Ниту едно дете не сакаше да слушне дека е разгалено.

Денес се поретко ја слушаме оваа фраза, можеби затоа што сега сите деца се разгалени. Фразата е старомодна или проблемот се зголемува? Од љубопитност го побарав значењето на зборот „разгален“. Зборот разгален значи да го оштетиш и уништиш карактерот на детето со претерана попустливост.

Сите гледаме што се случува наоколу. Двегодишни деца командуваат со целото семејство. Родителите се плашат дури и да одредат час за спиење, мораат да ги молат децата наместо само да им кажат. 5-годишни деца инсистираат за скапи играчки и ги добиваат! Десетгодишници носат облека само од најскапите и познати брендови. 16 годишници возат поубави автомобили од своите родители.

Децата се разгалени, родителите се откажуваат и целото општество страда. И не станува збор за тоа дали можат да си ги дозволат овие работи финансиски. Иако во многу случаи не можат. Многу од нив стандардно се заглавени во долгови. Други се убиваат од работа само за да можат да им обезбедат на своите деца се што ќе посакаат. Доколку не се во можност да им го овозможат на децата онаа што го сакаат, тогаш не треба упорно да бараат начини да го прават тоа. Животот не е лесен, а кога ги разгалуваат со секакви бенефиции ги учат дека е.

Ако го одбиете вашето дете за нешто, нема да го разгалите. Нема да му го уништите животот и нема да го оставите без пријатели. Да, ќе го налутите. Да, ќе се разликува од своите пријатели. Да, вашето семејство ќе е поинакво од другите семејства. Но, зарем тоа не е нешто добро?

Кога детето ќе порасне, ќе сфати зошто сте го ставиле во таква пложба и ќе сфати дека сте го учеле на работи кои навистина имаат значење во животот. Ќе сфати дека да знаеш да носиш одговорност е вистински благослов. Ќе сфати дека сте го сакале доволно за да му кажете „Не“.

Љубовта е трпелива. Љубовта е нежна. И знаете што уште? Љубовта не разгалува.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: