strumica denes logo

Научници открија зошто побелува косата

Автор:

Датум:

мај 8, 2023

Категории:

Магазин

Автор:

Датум:

мај 8, 2023

Категории:

Магазин

Научници водени од медицинската школа „Гросман“ при Универзитетот во Њујорк го открија механизмот кој доведува до побелување на косата. Откритието може да доведе до развивање третмани за враќање на оригиналната боја на косата или спречување на нејзиното побелување.

Новото истражување било направено со анализа на клетки од кожа на глувци наречени меланоцитни матични клетки. Истражувачите претпоставуваат дека матичните клетки се заглавуваат како што старее косата и ја губат способноста за созревање и задржување на бојата на влакното.

Доколку теоријата е точна, би можело да се спречи побелувањето на косата или да се врати природната боја со придвижување на заглавените матични клетки помеѓу преградите за фоликули на косата.

Бојата на косата зависи од постојаното размножување на меланоцитните матични клетки во фоликулите на косата кои добиваат порака да станат зрели клетки и да ги произведат протеинските пигменти кои се одговорни за бојата. Како што старее косата, сè повеќе од овие клетки се заглавуваат во делови помеѓу фоликулите на косата, а тогаш косата побелува, според истражувачите.