Состојки:
- 250 гр мелени бисквити
- 100 гр путер
- 400 гр еурокрем или нутела
- 500 гр крем сирење
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Соединете путер со една лажица еурокрем и растопете на пареа. Со добиената смеса прелијте ги бисквитите и соединете. Оставете да стегне во фрижидер.
- Остатокот од еурокремот измешајте го со сирење и разматете. Филот оставете го да се излади во фрижидер.
- Извадете ја смесата од бисквити, ставете во калап и израмнете. Преку ставете фил и убаво распоредете.
- Ставете ја тортата во фрижидер убаво да се соедини филот и кората.
Уживајте!