Perdormire
Магазин

ДОЖД ДО САБОТА, СОНЦЕ НА ВЕЛИГДЕН!

До сабота ќе има врнежи од дожд, а за време на Велигденските празници ќе биде стабилно, суво и релативно топло.

Утре се уште ќе биде топло, но ќе има повремен слаб локален дожд, а во попладневните часови на места врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи. Врнежите ќе продолжат во текот на ноќта во петок и во сабота претпладне.

Поинтензивни врнежи се очекуват во северните и источните делови утре и задутре. Во петок ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на дневните температури.
Во петок и сабота максималните температури ќе достигнат до 19 степени, а во недела и понеделик до 23 степени.