ДАЛИ Е ОВА КРАЈОТ НА АДВОКАТСКИТЕ КАРИЕРИ?! ИНТЕЛИГЕНТЕН АГЕНТ ПРЕКУ СМАРТФОН ЌЕ БРАНИ ОСУДЕНИК ВО ФЕВРУАРИ!

јануари 6, 2023

Ќе се одржи судско рочиште во февруари каде што обвинет ќе биде советуван од вештачки интелигентен агент.

Оваа технологија потекнува од компанијата „DoNotPay“, основана во 2015 година од студент на Универзитетот Стенфорд.
Првично овој агент бил развиен за да испраќа жалби за казни за паркинг.

Првиот „робот адвокат“ ќе биде инсталиран на смартфонот на обвинетиот и ќе слуша разговори во судницата со цел да му даде инструкции на клиентот за како да се одбрани.

Локацијата на судот, името на осудениот и кривичните дела не се откриени од компанијата „DoNotPay“ која што го развил овој интелигентен агент поради оправдани причини.

Џошуа Броудер, основачот на компанијата, првично го дизајнирал агентот во форма на чат каде што агентот ви поставува прашања од типот „Дали возевте вие или некој што го познавате?“, „Ви беше ли тешко да ги распознаете сообраќајните знаци?“.
Откако ќе ги анализира вашите одговори, агентот одлучува дали сте квалификувани за жалба, ако да, ќе генерира жалба во писмена форма која што може да биде прикажана на рочиштето.

Сличен формат ќе биде искористен на рочиштето во февруари но овој пат нема да биде во чат форма туку ќе слуша што се зборува во судницата и според разговорите ќе го советува на осудениот што да каже.

Во прилог погледнете го интервјуто на основачот на компанијата „DoNotPay“:

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ