АНКЕТА: ЗАДОВОЛНИ ЛИ СТЕ ОД ТОА КАКО СЕ ОДВИВА ОНЛАЈН НАСТАВАТА ВО СТРУМИЧКИТЕ ОСНОВНИ И СРЕДНИ УЧИЛИШТА?

ноември 21, 2020
????????????????????????????????????

Пандемијата зазема се’ поголем замав, а учениците веќе речиси 2 месеци следат онлајн настава од дома. Импресиите се поделени, искуствата и финансиските можности различни. Пред просветните работници беше исправен предизвикот да предаваат материја и да го задржуваат вниманието на учениците преку екран, а пред учениците е исправена потребата од поголема самостојна подготовка. Родителите поактивно се вклучуваат во образовниот процес, а од неодамна матурантите излегоа со барање државната матура да биде одложена и оваа година, зошто според нив, време за подготовка нема. Ваквите барања на матурантите беа поддржани и од дел од наставниците, кои објаснуваат дека во вакви услови, сосем доволно би било презентирањето на проектната задача.

Деновиве, учениците од основните и средните училишта во државата ги добија првите оценки за скратеното „тромесечие“. Коментари многу, учениците поделени на задоволни и незадоволни од постигнатиот успех. Доста дискутабилно е и прашањето за учениците кои треба да се оценат со оценка 1, зошто треба по некаков начин да се изнајдат начини за поправка на недоволната оценка.

Струмица Денес ја отвара оваа анкета до учениците, родителите и просветните работници – Дали квалитетот на оналјн образованието кое се спроведува кај нас може барем донекаде да се доближи до квалитетот на класичното образование во училница? Има ли размена на информации меѓу наставниците и учениците, колку реално е оценувањето? Колкав дел од учениците редовно посетуваат онлајн настава и навреме ги предаваат домашните задачи? Ги очекуваме вашите одговори во коментар.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ