Струмичките поети Сузана Мицева и Митко Гогов дел од зборникот „Вавилонска библиотека“

април 17, 2021

„Вавилонска библиотека“ е онлајн иницијатива и платформа за промовирање на светска поезија, но пред сè поезија на автори од Балканот, а во првиот том од нивната колекција се застапени Сузана Мицева и Митко Гогов, поети од Струмица.

Главен уредник на ова прво издание е поетесата Катарина Сариќ од Црна Гора, а оваа колекција е составена од два дела: Поетски портрети и Омажи и ќе биде објавена на сајтот на Независна Академија. Меѓу поетските портрети на околу 80 автори, од Македонија ги има и поезијата на Сашо Огненовски, Драгана Евтимова, Марина Икономова Шокева, Диме Данов и Даниела Андоновска-Трајковска, додека пак во омажите е претставена Снежана Стојчевска.

Исклучително шаренолика и квалитетна листа на поети кои се активни и ја чинат балканската поетска сцена, а како што најави уредничката, следуваат и нови изданија во иднина. „Вавилонска библиотека“ ќе продолжи со својата примарна мисија, а тоа е да ја направи поезијата што подостапна за заинтересираните читатели.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ