strumica denes logo

Вработените во општина Струмица учествуваа во симулативна вежба за спасување од земјотрес!

Автор:

Датум:

септември 20, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

септември 20, 2018

Категории:

Култура

Градоначалникот Коста Јаневски и вработените во општинската администрација, денеска, учествуваа во симулативна вежба – евакуација во случај на земјотрес. Вежбата ја организираше Општинската организација на Црвен крст од Струмица во соработка со општина Струмица, Територијалната противпожарна единица, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за за управување со кризи, СВР Струмица и Итната медицинска помош. Целта на вежбата беше да се направи проверка на вработените во општинската администрација, како и на пожарникарите кои се дел од силите за заштита и спасување на општина Струмица и да се подигне свеста за сите катастрофи и кризи кои што можат да се случат. Според организаторите, вежбата била успешно спроведена.