strumica denes logo

Во трите средни училишта во Струмица по првото пријавување се запишале вкупно 723 ученици

Автор:

Датум:

јуни 20, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

јуни 20, 2018

Категории:

Култура

По првото пријавување од јунскиот уписен рок за новата учебна 2018/2019 година во трите средни општински училишта се запишале вкупно 723 ученици. Од нив 249 ученици се запишале во СОУ „Јане Сандански“, 201 во СОУ „Димитар Влахов“ и 273 во СОУ „Никола Карев“. По првото пријавување и запишување во јунскиот уписен рок, во трите средни училишта останати се вкупно 572 слободни места. Најголем интерес годинава имаше за медицинските паралелки во СОУ „Димитар Влахов“, за образовните профили електротехничар за КТА и автотехничар – мехатроничар во СОУ „Никола Карев“ каде што нема слободни места, а ниту еден не се пријавил за образовните профили поледелец во СОУ „Димитар Влахов“ и електричар – електромонтер и монтер за сува градба во СОУ „Никола Карев“. Второто пријавување во јунскиот уписен рок ќе се врши на 28 јуни.