Во Струмица веќе 7 месеци не се полага возачки испит, за утре е закажан протест!

мај 22, 2018

Во Струмица од 01. декември 2017 год. не работи испитната комисија за полагање на возачки испит и до ден денешен се уште не работи, се почесто се жалат граѓаните  со писма до медиумите. По тој повод за утре е организиран протест во Струмица, во продолжение во целост ви го пренесуваме текстот од евентот:

 

Од 1 декември 2017 не работи испитниот центар за полагање на возачка дозвола т.е. веќе 6 месеци ние кои што живееме во Струмица и регионот не можеме да полагаме за возачка дозвола, која ни треба за обавување и олеснување на секојдневните обврски или работа. Првично проблемот беше дека треба да се измени законот за да може да работи испитниот центар и одкако пред околу две недели помина законот во собрание и можеше да почне со работа ни најавија дека ќе работат од 17.05.2018 истиот ден не информираа дека добиле забрана за извршување на дејноста за 30 дена. Но, ние чувствуваме и знаеме дека веќе сме манипулирани и дека има нешто друго во позадина и дека институциите не сакаат да ни го решат проблемот. Односно слушнавме дека ќе треба да чекаме до СЕПТЕМВРИ ЗА ДА ПОЛАГАМЕ поради отварање на друг испитен центар! Затоа во Среда 23.05.2018 во 13:00 Часот ќе се собереме пред испитниот центар за да го покажеме нашиот револт! Бараме институциите и државата да ни го решат тој проблем!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ