Во сабота, 1 јули со почеток од 20:30 часот, во дворот на црквата „Св. Георги“ во Муртино, ќе се одржи промоција на книгата на Ацо Ѓоргиев насловена „Прикаски у три реда и еден уврт“. Делото на Ѓоргиев е со анегдоти од струмичко, на струмички дијалект и е прва таква книга досега објавена, со таква содржина.
Промотори на „Прикаски у три реда и еден уврт“ ќе бидат Иван Котев, Киро Донев и Д-р Ана Витанова-Рингачева.