strumica denes logo

Во првите шест месеци од годинава преку „Систем 48“ решени се 740 проблеми

Автор:

Датум:

јули 16, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

јули 16, 2018

Категории:

Култура

Преку општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ во првите шест месеци од 2018 година решени се 740 проблеми од вкупно 822 пријави. Останатите 82 пријави се проследени до надлежните служби и се во процес на решавање. Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ во првата половина од оваа година се од областа на уличното осветлување 534, од областа на собирање смет 94, водовод и канализација 90, паркови и зеленило 84, општински инспекциски служби 10, улици, патишта и тротоари 10 пријави.

Целта на општинскиот сервис „Систем 48“ е зголемување на транспарентноста на јавно достапните услуги кои ги нуди општина Струмица, подобрување на нивниот квалитет и професионално решавање на пријавените проблеми. Затоа од таму апелираат до граѓаните за навремено пријавување на проблемите на бесплатниот телефонски број 080014848, за да може веднаш да се интервенира до надлежните општински служби и да се решаваат проблемите и истовремено им се заблагодаруваат на граѓаните за користењето на услугите на овој сервис.