На ден 15.05.2019година, во с.Куклиш(струмичко), се одржа Државното првенство во ФУТСАЛ (ж).Првото место го освои екипата на ООУ ,,Видое Подгорецˮ од Колешино, совладувајќи ја екипата на ООУ ,,Св.Кирил и Методијˮ од Македонска Каменица,со постигнат конечен резултат од 2:0.
Училиштето од Колешино е две години по ред Државен првак, во сезоната 2017/2018 и сезоната 2018/2019 година. Екипата е составена од 10 (десет) девојчиња и тоа : Љубица Најденова ( голман) , Александра Котева ( капитен ), Валери Панделиева, Слаѓана Ѓорѓиева, Јована Јованова, Ангела Андреева, Софче Ѓорѓиева, Софија Тилева, Сања Петровска и Розита Пецева, под менторство на наставникот Спаско Миков.Повеќето од девојките се деветто одделение, на кои, за жал,оваа им беше последна утакмица.Девојчињата имаат постигнато мошне ефикасна гол-разлика од: 87/5, односно имат дадено неверојатни 87гола ,а имаат примано само 5гола!
Овие девојки се класичен пример за тоа дека можат и малите места да носат големи победи ,дека со труд и упорност се стигнува до ѕвездите и пехарите! Честитки девојки, Вие го трасиравте патот на идните генерации!Продолжете и во иднина да бидете репрезентки во женскиот фудбал,бидејќи токму Вие сте иднината!