ВНИМАВАЈТЕ: ВИСТИНСКИ ХАОС НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН „БОГОДИЦА“, МАКЕДОНЦИТЕ ЌЕ УЖИВААТ ВО ГРЦИЈА ВИКЕНДОТ!

јуни 14, 2019

Поради продолжениот викенд многуммина се упатија на викенд во соседните држави.Од АМСМ информираат дека за сега најголеми колони на возила има на граничниот премин „Богородица“ , каде за влез во соседна Грција се чека околу 30-40 минути.

Како што стои во соопштението на АМСМ сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата,освен на Г.П.Богородица каде времето на чекање е околу 45 минути.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Внимавајте кога патувате бидејќи Македонија денеска е во жолта фаза.

ЦУКС известува дека на 15 -ти и 16.06.2019 г. (сабота и недела), поради поврзување на објекти на системот за дистрибуција на топлинска енергија, на дел од булевар Борис Трајковски, ќе биде воведен времен сообраќаен режим на крајната десна сообраќајна лента во правец од Центар кон населба Драчево. Автобусите на Јавното Сообраќајно Претпријатие-Скопје ќе се движат непречено и без застој, а ЦУКС апелира до сите возачи да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

Поради изведба на градежни работи за реконструкција и одржување на коловозот на бул. Партизански Одреди, на потегот од бул.8-ми Септември до мостот Обединети Нации, ќе биде воведен времен режим на сообраќај. Времениот сообраќаен режим ќе се воведува во неколку фази, од коишто во првата ќе биде затворена крајната десна сообраќајна лента на потегот од мост Обединети Нации до крстосницата со ул.Лондонска, во насока на движење кон Центар, но нема да има промена на режимот на движење на автобусите на ЈСП . Измената во сообраќајниот режим на овој дел од булеварот ќе важи до завршување на градежните активности за реконструкција на асфалтот на коловозот.

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје известува дека деновиве ќе почнат градежните активности за реализација на проектот изградба на водоводна мрежа во „Индустриска зона Визбегово-Делница 3“, во Општина Бутел, каде што поради градежните активности на одредели локации ќе биде воведен и времен сообраќаен режим, оттука ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да ја почитуваат поставената вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, прилагодувајќи ја својата брзина на движење според условите на патот.

Екипите на Град Скопје го реконструираат коловозот на улицата Љубљанска, во општина Карпош, па поради тоа сообраќајот ќе се одвива под привремен сообраќаен режим, се до завршување на градежните работи.

Во тек се и градежни активности за санација на коловозот пред семафорите на крстосницата помеѓу булевар Александар Македонски и 16-та Македонска бригада, во насока на движење од влез на Скопје кон клучката Континентал, па оттука на дел од крајната десна сообраќајна лента воспоставен е и времен сообраќаен режим, што ќе важи до завршување на активностите.

ЦУКС известува дека од 19.04. во наредните 4 (четири) месеци ДГТ ЖИКОЛ дооел Струмица и ЈП „Водовод и Канализација“-Скопје, ќе отпочнат со изведба на градежни активности за реконстукција на водоводна мрежа по ул. Елисие Поповски од ул. Мајка Тереза до ул. Киро Гаврилски, каде што до завршување на проектот, ќе биде воведен и времен сообраќаен режим, па оттука сообраќајот ќе биде пренасочен по околните улици.

ЦУКС известува дека од 08.05 ќе отпочнат градежни активности за изградба на атмосферска канализација долж улица Кузман Шапкарев од крстосница со улица Ѓорче Петров до крстосница со улица Црногорска , како и долж улица Црногорска од крстосницата со улица Кузман Шапкарев до крстосницата со улица Панајот Гиновски. Градежните активности долж улицата Кузман Шапкарев и на дел од улица Црногорскаво Општина Ѓорче Петров, ќе се изведуваат во наредните 4 (четири) месеци, а на овој потег ќе биде спроведен и времен сообраќаен режим.

ЦУКС известува дека од 10.05 ќе отпочнат градежни активности на дел од ул. Алжирскаво Општина Карпош, па на овој потег ќе биде спроведен и времен сообраќаен режим. Градежните активности ќе траат 90 дена, а ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ