bandr
Култура

ВИКАРЕН ЕПИСКОП ЈАКОВ СТОБИСКИ:А таму каде што е Христос, неразделно се и Отецот и Светиот Дух, таму е Царството Небесно, таму е рајот и радоста, и сè што е добро!

Надвор од Христа нема спасение; надвор од заедницата со Христа нема спасение. Затоа, држете се за Христос – Распнатиот, Погребаниот, Воскреснатиот во третиот ден, Вознесениот, Кој седи оддесно на Славата Божја. Држете се за Него и не Го давајте за ништо на овој свет. Ништо не може да се спореди со Христа – Христос е последното совршенство, како што вели Старец Софрониј. Овој свет не може да ни даде ништо што е повредно од Христа, а вие, напротив, дајте сѐ, жртвувајте сѐ за Христос, како што направија сите христијани пред нас, сите овие свети личности кои ги гледаме на нашите икони и фрески во црквите. Оти и сè да добиеме, а на душата своја ѝ напакостиме, ништо не сме направиле (види: Матеј 16, 26).

Останете со Христос, а да останеме со Христос значи да останеме во Црквата Божја. Оти, таму каде што се собира Црквата околу својот Епископ на Светата Литургија, таму е и Христос. А таму каде што е Христос, неразделно се и Отецот и Светиот Дух, таму е Царството Небесно, таму е рајот и радоста, и сè што е добро.

Викарен Епископ Јаков Стобиски