ЗДРАВА КОТЛИНА:
Денеска, сабота 25 август, без блокада, на раскрсницата до Глобал, се случи герила акција. Имено, еко-активисти со транспаренти СВИРНИ ПРОТИВ РУДНИКОТ баравме поддршка од возачите во борбата против рудникот – и ја добивме! И тоа на големо!
Од 11-12 часот, центарот на градот ечеше од автомобилите кои минуваа. Им благодариме!
Оваа еко-герила-акција имаше за цел:
– да ја подигне свеста на граѓаните во врска со актуелниот проблем со потенцијалниот рудник Иловица-Штука.
– да ја потсети Влада на Република Македонија на чело со @Zoran Zaev дека Струмица е жестоко против рудниците! И дека ако не се стави крај на ова лудило, тогаш тоа самото ќе ни’ стави крај.
Сите свирежи, симболично и буквално, ги упатуваме кон сите оние кои сакаат да спроведат геноцид и екоцид од невидени размери на нашата котлина.
Жестоко им препорачуваме дека нема да им помине!
СТОП ЗА РУДНИКОТ НА СМРТТА ИЛОВИЦА – ШТУКА!!!
https://www.facebook.com/zdravakotlina/videos/257970384857789/?t=18