strumica denes logo

(ВИДЕО) Струмичанката Ленче Кукиќ повторно доминираше во „Никогаш не е доцна“: Нејзиниот настап беше дочекан со овации!

Автор:

Датум:

април 23, 2019

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

април 23, 2019

Категории:

Култура

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Добро ви е познато дека во регионалното музичко „Никогаш не е доцна“, кое е многу гледано и во нашата земја има и македонски претставници, а меѓу нив и Ленче Кукиќ од Струмица која досега неколку пати го воодушеви жирито со своите интерпретации.

Во последната емисија на музичкото шоу, Ленче се претстави со песната „Потести ме шта то беше љубав“ од верзијата на Маја Оџаклиевска. Публиката ја поздрави со овации и аплауз, а и овој пат жирито остана без зборови од изведбата на Кукиќ. „Ленче, ќе те водам дома. Толку си слатка, па ти растури“ изјави Ања Мит која беше дел од жирито. И’ Драган Којиќ Кеба имаше пофални зборови за нашата кандидатка.

„Ленче секогаш кога ќе те слушнам, секогаш барам збор за да те пофалам“, изјави Кеба. Маре истакна дека Ленче е голема пејачка. „Драги гледачи пред вас стои голема, голема пејачка“, истакна Маре.

Во ревијалниот дел, Ленче и Кеба ја отпејаа песната „Треба времена“, а жирито беше воодушевено и од оваа изведба, а посебно Маре кој истакна дека прв пат нешто да не му пречи во изведбата на песната која во оригинал ја пејат Ана Бекута и Кеба. Како ќе се претстави Ленче во следниот круг останува да видиме, а во продолжение погледнете го нејзиниот настап.

ИЗВОР: ЕКРАН.МК

Оригиналниот линк може да го погледнете ОВДЕ.

 

https://www.facebook.com/LenceKukic/videos/337089770338872/?t=2