(ВИДЕО) СТРУМИЧАНЕЦОТ ВАСИЛ ГАРВАНЛИЕВ ВЕ ВОДИ НА ЗАЕДНИЧКО ПАТУВАЊЕ, ВО СЕБЕ, ПО СЕБЕ, СО СЕБЕ, СО СИТЕ!

октомври 31, 2019

 

Васил Гарванлиев Ве поканува на заедничко патување во себе, по себе, со себе, со сите!

Неговиот најнов проект е во соработка со Давор Јордановски – продуцент кој живее и твори во Торонто, Тања Брковска –текст, додека пак за видеозаписот повторно се погрижи екипата од претходните проекти Ѓорѓи Вацев камера и постпродукција, креативен директор Јелмаз Дервиши, и кореографија на Иван Ангелковски.

“Патувам, за мене претставува средба и сеќавање со љубопитното дете во сите нас кое со душа чека да му се отвори вратата за да погледне во еден поубав и посветол свет. Овој проект, е голем чекор напред на мојата патека што потврдува дека кога имаме искрена желба, љубов, и приказна со вистински тим секогаш ќе најдеме и вистински начин на изразување. Сите заедно и во сите бои, со спонтана енергија, мислам дека создадовме уште една поп приказна на која сум особено горд. И да, патувам каде јавето е исполнет сон “ – вели тој.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ