(ВИДЕО) ОДБОЈКАРКИТЕ НА ОУ „ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ“ МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ ОСУМ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ХРВАТСКА, ПРОСЛАВИЈА СО „МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ“

април 2, 2019

Одбојкарките на ООУ “Видое Подгорец“ од Струмица со победа од 2:1 над училишната екипа од Баку-Азербејџан во третиот натпревар на Светското првенство во ОДБОЈКА за основни училишта во Пореч – Хрватска и со скор од две победи и еден пораз го освои второто место во групата Ц и се пласира во четвртфиналето и меѓу првите осум екипи на Светското првенство. Натпревсрот со тимот од Азербејџан беше важен и клучен за двете екипи и психолошки тежок за игра. Во рамноправна и изедначена игра Азербејџанските одбојкарки умешно ги искористија грешките на струмичанки и со 25:22 поведоа во сетови. Во вториот сет струмичките одбојкарки заиграа подобро и посигурно и дојдоа до предност од 24:19 за потоа со 25:22 да израмнат во сетови. Во третиот тајбрек сет струмичанки продолжија со добрата игра и имаа постојана предност со 1-3 поени за на крајот со 15:12 да слават заслужена победа од 2:1 во сетови и голема радост на одбојкарките и наставниците Зоран Спасов и Горан Иванчев како и директорот Леонид Танчев. Притоа треба да се истакне големата подршка со навивање и бодрење од женската екипа на Видин и машката екипа од Крџали Бугарија. Во четвртфиналето на Светското првенство екипата на ООУ “Видое Подгорец“ ќе игра против првопласирана екипа на груата А тимот од Кинески Тајпеј кој , натпревар се игра во четврток на 4 Април 2019 год.

https://www.facebook.com/spasovzoki/videos/2385307551499654/?t=19

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ