(ВИДЕО) Нова песна на Сузана Гавазова за освојување на регионалниот пазар

април 15, 2019

Сузана Гавазова продолжува да ја освојува регионалната сцена со уште една нова песна насловена „Сећање на твој грех“, за која повторно соработуваше со истиот тим што се потпиша на „Намазана“.Песната има и македонска верзија.
Автор на музиката е Саша Диниќ, стиховите се на Ана Диниќ за српската верзија, а за македонската верзија текстот е на Орце Зафировски, додека аранжманот го направи Александар Саблиќ. Придружните вокали ги отпеа Сузана Бранковиќ, а на саксофон гостува Тункај Туна Шавлев. Сето тоа визуелно го дополнил Ник Скерлев, а снимањето се одвиваше на повеќе локации во соседна Бугарија.

Ова е трета песна на српски јазик за популарната македонска пејачка, која дебитираше на музичката сцена во соседството со темата „Хало“ по која следеше и „Намазана“.
„Голема благодарност на сите кои работеа на оваа песна и спот… дадовме голем труд и работа, па се надевам дека ќе ви се допадне“, напиша Гавазова претставувајќи ја новата песна.
Како изгледа и звучи најновото од Сузана Гавазова, дознајте во продолжение.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ