(ВИДЕО+ФОТО) „ОЖИВЕА КНИГАТА „ВОЛКОТ И СЕДУМТЕ ЈАРИЊА“

мај 7, 2019

Издавачката куќа ПРОСВЕТНО ДЕЛО денеска објави бесплатна апликација за Андроид поврзана со нивната веќе издадена книга ВОЛКОТ И СЕДУМТЕ ЈАРИЊА, и тоа, во АУГМЕНТИРАНА РЕАЛНОСТ!

Станува збор за бесплатна апликација која е достапна на официјалната интернет-продавница за Андроид, Play Store. Откако ќе се стартува апликацијата, потребно е само да се насочи телефонот кон книгата и книгата ’ОЖИВУВА‘. Се појавува приказната во аугментирана реалност!

„Проектот го работевме речиси година и пол. Целта ни беше да постигнеме совршен спој меѓу традиционалното и модерното. Ја избравме оваа приказна како класична приказна од Браќата Грим, позната секому… и ја споивме со модерната технологија. Сега читањето е повторно модерно! Аугментираната реалност во светот на книгите се појавува кај нас за првпат со овој проект и ветуваме дека нема да биде последен!“ – ни изјавија од ПРОСВЕТНО ДЕЛО.

Апликацијата ВОЛКОТ И СЕДУМТЕ ЈАРИЊА денеска ја промовираа и пионерите на македонската јутјуб манија, GP и STEFFONATOR, кои беа мошне изненадени од она што го видоа!
Погледнете на следниов линк!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ