Вечерва во Дом на АРМ-Струмица, трета форумска сесија

Во големата сала на домот на АРМ, вечерва, со почеток во 18 часот ќе се одржи третата форумска сесија која што е во реализација на програмата Форуми во заедницата – Буџетски форум во општина Струмица 2018/2019 година.
На третата буџетска форумска сесија присутните ќе имаат можност да се запознаат со расходите по дел од програмите и да учествуваат во утврдувањето на граѓанските приоритети за буџетот на општина Струмица за 2019 година.
Целта на форумите во заедницата е да се зголеми учеството на граѓаните во процесот на креирање и реализација на буџетот на општината и зголемување на транспарентноста на општината.

Автор:

Датум:

ноември 23, 2018

Категории:

Култура