strumica denes logo

УТРЕ ВО МОКРИЕВО ЌЕ СЕ ОДДРЖАТ ПОЗНАТИТЕ „СТАНЧИНАРСКИ ИГРИ“

Автор:

Датум:

јануари 13, 2020

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

јануари 13, 2020

Категории:

Култура

На 14-ти јануари во с.Мокриево се одржуваат “Странчинарски игри”. Ден кога странчинарите ја посетуваат секоја куќа во селото,а домаќините ќе им ги наполнат торбите со домашни колбаси,брашно,пченка,грав…од кои подоцна странчинарите подготвуваат ручек. Ова е вековна традиција во подбеласичкото село Мокриево.

Секоја година за Василица се собираат стотици граѓани, но и учесници на Странчинарските игри. Странчинарите всушност биле заштитници на народот. Василица бил денот кога со звукот на “џангараците” и страшните маски се истеруваат злите духови и се собира храна за сиромашните. Токму затоа на Василица, со храната што ќе ја соберат странчинарите ќе се приготви голема селска гозба-традиционален качамак со колбаси. Повелете во с.Мокриево на 14.01.2020(вторник) со почеток од 12часот пред “Домот на културата “заедно да ја прославиме Василица и да ја зачуваме традицијата.