УТРЕ Е НЕРАБОТЕН ДЕН, ГО ПРАЗНУВАМЕ ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА!

октомври 21, 2019

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 23 октомври 2019 година (среда), Денот на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на Македонската револуционерна борба.

За сите граѓани на РМ

23 октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба,

8 декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од католичка вероисповед

1 ноември (петок), Празникот на сите светци,

25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 ноември (петок), Ден на албанската азбука,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ