УСПЕШНИ КАКО И СЕКОГАШ: УЧЕНИЦИТЕ МАТЕМАТИЧАРИ ОД СОУ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ СО НАГРАДИ СЕ ВРАТИЈА ОД РЕГИОНАЛНИОТ НАТПРЕВАР ПО МАТЕМАТИКА!

февруари 25, 2019

Неодамна Кочани се одржа Регионалниот натпревар по Математика за учениците од средните училишта. Учениците математичари на СОУ „Јане Сандански“ оттаму се вратија со освоени три први места, неколку втори и трети награди и пофалници.

Од I година, под менторство на професорот Петруш Џорлев, ученикот Димитар Трајков со максимални 100 поени ја освои првата награда, учениците Стефани Стојанова, Виолета Џорлева и Раде Перовановиќ ја освоија втората награда, а Елеонора Лазарова третата награда. Ученичките Анастасија Зимбакова и Светлана Иванова добија пофалници.

Учениците од II година, под менторство на професорката Елизабета Витанова освоија две втори награди, две трети награди и две пофалници. Втора награда освоија ученичките Симона Златанова и Марта Вучкова, трета награда учениците Васил Бунгурџиев и Роберт Јанев, а пофалници добија Стефани Тасева и Стојан Николов.

Ученичката Катерина Стоилова од III година, под менторство на професорката Божана Лазарова, ја освои третата награда.

Учениците од од IV година Дмитар Звонимир Митев и Крсте Симеонов, под менторство на професорката м-р Елена Лазарева, од Кочани се вратија со освоени први награди и освоени максимални 100 поени, а ученикот Дарко Перовановиќ доби пофалница.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: