УМОТ НА 21 ВЕК УСПЕА: ИЛОН МАСК ИСПРАЌА ЕКИПАЖ НА МАРС – СПЕЈС ИКС УСПЕШНО ЈА ПРИЗЕМЈИ РАКЕТАТА СТАРШИП!

мај 9, 2021

Компанијата Спејс Икс на Илон Маск, во петти обид во средата успеа да приземји прототип на ракетата Старшип на полигон во Тексас, без леталото да експлодира.

Тест летот претставува голема победа за амбициозната компанија која сака со Старшип да пренесува екипаж на Марс.

„Номинално слетување на Старшип!“, триумфално објави на Твитер основачот на компанијата Илон Маск, откако претходните четири обиди завршија со експлозии на леталата.

Слетувањето не било беспрекорно и мал пламен ја зафатил основата на ракетата висока 50 метри кратко по слетувањето.

Експертот на Спејс икс, Џон Инспрaкер, објасни дека ова „не е невообичаено со метанското гориво што го користиме“, додавајќи дека инженерите сè уште решаваат проблеми со дизајнот.

Пламенот брзо бил изгаснат со водени топови, се гледа на снимката.

Ракетата во 17 часот и 25 минути по локално време полета од Старбејс во Бока Чика, Јужен Тексас, достигна висина од 10 километри и изврши низа маневри, вклучително и хоризонтално спуштање.

Спејс икс се соочи со дополнителен притисок да успее со летот, наречен СН15, во средата, откако НАСА минатиот месец објави дека верзија на Старшип ќе се користи како летало за Месечината кога американската вселенска агенција ќе ги врати луѓето на Месечината.

Но, договорот вреден 2,9 милијарди долари во моментов е блокиран откако две ривалски компании – Блу ориџин на Џеф Безос и Дајнетикс поднеле жалба.

Доколку договорот ги преживее тие жалби, ќе го трансформира Старшип од играчка на Маск во голем потфат финансиран од даночни обврзници, со целиот надзор што тоа со себе го носи.

Првите два пробни лета на Старшип, СН8 и СН9, експлодираа при слетувањето кога беа лансирани во декември, односно февруари.

Следниот, СН10, успешно слета, а потоа експлодираше неколку минути подоцна, на 3 март.

Емитувањето на видеото било прекинато за време на четвртиот тест лет, СН11, а Маск подоцна потврди дека и тој експлодирал, овој пат на сред лет.

Спејс икс планира да го комбинира леталото Старшип со ракетата Супер хеви, создавајќи целосно нов систем за длабоко истражување на нашиот Сончев систем.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ