УХМР предупредува: Дождот нема да престане да врне со денови, можни непогоди во цела Македонија

јуни 16, 2018

Нестабилно време со пороeн дожд проследен со грмежи, засилен ветер и локална појава вечерва на повеќе места најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во западните делови сe очекува да наврне и поголема количина на воден талог, додека преку денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец, кој попладне ќе засилува.

Максималната температура се движи во интервал од 22 до 30 степени.

Изминатите 24 часа во Скопје наврнале 40 литри на метар квадратен воден талог, додека, во Прилеп и Пожаране 18, во Куманово 16, Штип 10, Тополчани 9, Виница и Тетово 8, Лазарополе 7, Битола, Крушево и Крива Паланка по 6, Демир Капија 4, Ѓуриште и Гевгелија 2 и Маврово еден метар воден талог.

До понеделник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, со повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи. Врнежите локално ќе бидат поројни и понекаде се очекува да наврне и поголема количина на воден талог. Од среда нестабилноста ќе се намали, но и понатаму ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ