УХМР ПОВТОРНО ПРЕДУПРЕДУВА: Локални поројни врнежи од дожд и наредните денови

јуни 18, 2018

До крајот на неделава времето во Македонија ќе биде променливо облачно со локални поројни врнежи од дожд проследени со грмежи, особено во попладневните часови.

Во текот на денешниот ден ќе има повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, особено попладне.

Во среда и во четврток ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Од сабота се очекува промена на временската состојба, ќе дува северен ветер и ќе предизвика пад на температурата, а се уште ќе има локални врнежи од дожд.

Изминатите 24 часа во Скопје наврнаа 13 литри дожд на метар квадратен, во Скопје-Петровец и Охрид седум, во Гевгелија шест, четири во Крушево и Куманово, три во Претор, два во Крива Паланка, и еден литар на метар квадратен во Лазарополе, Маврово, Пожаране, Струмица, Виница и Берово.

Како што информираат од УХМР денеска во попладневните часови локално ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд и грмежи, особено во југозападните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 32 степена.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ