УХМР: Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

мај 6, 2018

Во изминатите 24 часа најмногу дожд во земјата наврнало во Куманово 21 л/м2, во Маврово и Ѓуриште 14, во Битола 11, во Пожаране и Претор 10, во Струмица девет, во Прилеп и Скопје – Зајчев рид осум, Дојран и Тетово седум литри на метар квадратен…

Времето денеска е променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер претеќно од северен правец. Попладне од УХМР најавуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови од земјата. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со можна појава на град. Температурата ќе се движи од 19 до 28 степени. Во Скопје температурата ќе се движи до 27 степен.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Утре се уште локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни, а во вторник и во среда појавата на пороен дожд и грмежи ќе биде поретка и со послаб интензитет.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: